Home Актуелно Поради висока загаденост на воздухот Техеран ги затвори сите училишта

Поради висока загаденост на воздухот Техеран ги затвори сите училишта

Сите училишта во иранскиот главен град Техеран од вчера се затворени поради лошиот квалитет на воздухот кој се смета за опасен, јави државната телевизија.

Основните училишта беа затворени во последните три дена во Техеран, кој има повеќе од 10 милиони жители, но поради зголеменото загадување од вчера се затворени сите училишта.

Часовите се одржуваат онлајн.

Слични мерки се најавени и за соседната провинција Алборз. Училишната недела во Иран трае од сабота до среда.

Надлежните ги повикаа и постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост.

Воздухот во Техеран е меѓу најзагадените во светот, а училиштата редовно се затвораат поради лошиот квалитет. Смогот е предизвикан од густиот сообраќај, како и од фабричко загадување и обично се влошува во зимскиот период.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…