Home Шоубизнис Поради оваа повреда Богдановиќ го завршува Европското првенство и итно заминува за Америка

Поради оваа повреда Богдановиќ го завршува Европското првенство и итно заминува за Америка

Крај на Европското првенство за Богдан Богдановиќ

По првичните информации за повредата на задната ложа и потврдата дека нема да продолжи со настапите на Евробаскетот во Рига, Кошаркарската федерација на Србија издаде официјална изјава – Богдан Богдановиќ го напушта шампионатот и итно заминува за САД, каде го очекуваат интензивна терапија и процес на рехабилитација.

Најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација повеќе нема да може да им помогне на соиграчите во борбата за континентален трофеј. Во координација со неговиот клуб, Лос Анџелес Клиперс, Богдановиќ ќе го помине следниот период во САД, со цел што побргу да се опорави и подготви за новата сезона во НБА-лигата.

Капитенската улога во репрезентацијата сега ја презема Стефан Јовиќ, кој таа функција ја обавуваше и во текот на квалификациите. Србија следниот натпревар ќе го одигра во понеделник од 20:15 часот против Чешка, додека последниот противник во групната фаза е Турција, а тој натпревар е закажан за два дена подоцна.

Природата на повредата на Богдан Богдановиќ

Богдановиќ доживеал руптура на задната ложа (задни мускули на бутот), што значи дека дошло до делумно или целосно скинување на мускулни влакна во тој дел од телото. Иако во неговиот случај не станува збор за потполна руптура, дури и помала повреда од овој тип бара внимателен пристап и постепена рехабилитација, со оглед дека тој мускул учествува во најголем дел од движењата кои се клучни за кошарката – трчање, скокови и нагли промени на правец.

Во просек, опоравувањето од полесни повреди на задната ложа трае меѓу 4 и 8 недели, додека потешки или комплетни руптури можат да бараат и неколку месеци интензивна терапија и рехабилитација. Токму затоа е донесена одлуката Богдановиќ веднаш да го продолжи третманот во САД, во соработка со стручниот тим на Лос Анџелес Клиперс, со цел да се намали ризикот од дополнителни компликации и да се овозможи целосно враќање во форма пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …