Home Шоубизнис Едита Арадиновиќ се здебелила 10 килограми – причината е прекрасна

Едита Арадиновиќ се здебелила 10 килограми – причината е прекрасна

Пејачката Едита Арадиновиќ со години важи за една од најзгодните на музичката сцена. На социјалните мрежи често се фалеше со интензивни тренинзи и затегнато тело, но сега работите се променија.

Таа преку Инстаграм се огласи и откри дека се здебелила дури 10 килограми.

Имено, пејачката која важеше за една од најзгодните не само во Србија, туку и во целиот регион, објави фотографии на Инстаграм откривајќи им на своите обожаватели дека качила 10 килограми.

Дополнително, Едита откри и зошто качила телесна тежина, но и каде најмногу се забележуваат промените на телото.

„Се здебелив скоро десет килограми и размислувам дали сега вака, слободно можам да кажам – дебела, да снимам некој спот и да твркам во него. Вистина, се здебелив најмногу во главата и стомакот, ама нема врска – надежта последна умира,“ напиша Едита.

Пејачката одлучила да започне ново поглавје во животот и да го остави никотинот зад себе.

„Многу долго сакав да престанам со никотин и конечно успеав – и затоа се здебелив,“ откри Едита.

Она од што многумина се плашат – прекинот со никотин и зголемувањето на тежината – токму тоа ѝ се случило на Едита, а нејзините следбеници сметаат дека е одлично што отворено зборува за тоа.

Здравиот живот е најважен, а килограмите доаѓаат и поминуваат.

Во моментов најважна ѝ е поддршката, а обожавателите ја поддржуваат повеќе од било кога.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кој се врати на подиумот за финалето на 35. сезона на „Танц со ѕвездите“?

Познати лица повторно го исполнија подиумот во долгоочекуваното финале на 35. сезона на „Т…