
Освен што секој ден ја слават својата љубов, Жељко и Милица Митровиќ на Денот на вљубените имаат посебен повод за славење.
Имено, ќерката на Жељко Митровиќ и неговата сопруга Милица, Кристина, го слави својот роденден токму на Денот на љубовта, што го прави овој датум посебно значаен за семејството.
Кристина Митровиќ ја започна прославата уште на полноќ, кога во луксузната вила на Дедиње ја дочекаа роденденска торта и бројни подароци, со кои се пофали на социјалните мрежи.
Покрај прекрасните изненадувања од родителите, сестрата и свршеникот, Кристина со нетрпение го очекува и дружбата со своите најдобри пријателки.
Нејзините другарки од Лондон ги спакуваа своите куфери, се качија на приватен лет и тргнаа кон Белград, за да присуствуваат на големата роденденска прослава на наследничката на медиумскиот маг.
Роденденот на Кристина на социјалните мрежи ѝ го честиташе и гордиот татко:
„Денес е ‘Денот на вљубените’, но многу поважно е што мојата Кристина оваа 2025 година, денес, наполни 25 години! Среќен роденден, љубов моја.“