Home Вебкафе Поради бизарна причина мечето Вини Пу забрането во Кина

Поради бизарна причина мечето Вини Пу забрането во Кина

Сликата на легендарното мече Вини Пу забранета е на сите кинески социјални мрежи. Причината е многу бизарна – го споредуваат со претседателот на државата Си Џинпинг.

Властите немаат дадено никакво објаснување за забраната, но мечето со „многу малку мозок“ во минатото било споредувано со кинескиот претседател Џинпинг, а забраната стапува во сила пред одржување на 19-от Конгрес на кинеската Комунистичка партија. Доколку на социјалните мрежи во Кина во пребарувањата го запишате името на симпатичното мече Пу, ќе се појави порака дека „содржината е незаконска“. Од нивната популарна мрежа за допишување „WeChat“ повлечени се фотографиите на Вини.

Првото споредување на мечето со кинескиот претседаел се појавија во 2013 година, кога на интернет се објави фотографијата Си Џинпинг и тогашниот американски претседател Барак Обама, како Вини Пу и неговиот најдобар пријател, Тигарот.

Од интернет избришани се и коментари кои со своите клучни зборови упатуваат на Вини, а корисниците на социјалните мрежи ја тестирале границата на наметнатата забрана. „Очаен мал Вини“, напиша еден од нив и се запраша: „Што ова убаво мало мече некогаш направило да испровоцира кого било?“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…