Понекогаш ѕиркате голотија на Инстаграм? Бидете раат, воведуваат ново правило


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите оние кои понекогаш (или пак редовно) знаат да стегаат „лајкови“ или да пишуваат коментари на објави за кои не сакаат нивните пријатели и следбеници да знаат, сега можат да си дадат оддишка од притисокот и неизвесноста дека „некој ќе види“.

Од оваа недела Инстаграм воведува новитет во врска со овој дел од приватноста, според кој секој ќе може да ги следи активностите само на сопствениот профил, а сето она кое луѓето кои ги следите што прават на нивните профили, ќе остане само за нивни очи.

И додека многумина корисници на Инстаграм можноста да следат некој друг ретко ја користеа, сепак имаше и такви кои редовно „посматраа“ што прават другите, па оваа опција сега сигурно ќе им недостига.

Вишал Шах од Инстаграм за BuzzFeed откри дека се одлучиле за отстранување на оваа опција, бидејќи забележале дека ја користат малку корисници на Инстаграм. Но, сфатиле и дека многумина не ни знаат дека таа опција постои, па непријатно би се изненадиле кога ќе сфатат дека другите ги следеле на што ставаат „лајкови“ и каде сè коментираат на Инстаграм.

„Многу луѓе не ни знаеја дека нивните активности се појавуваат и пред очите на другите“, вели Шах.

Но, сега сè што сакате да правите на Инстаграм, можете да го правите на мира, бидејќи другите нема да добиваат известување за тоа, освен ако и самите не ја погледнат истата содржина/профил кои сте ги гледале/„лајкувале“ и вие, па на лице место да видат дека сте меѓу „следбениците и лајкерите“.