Понеделничка временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот мајски понеделник во Македонија носи променливо облачно време, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови за изолирана појава на град и максимална дневна температура до 26 Целзиусови степени. Маврово 17, Охрид 22, Битола 23, Крива Паланка 22, Беров 21, Кавадарци 27, Дојран 28.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени.