Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, понеделник, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер и дневна температура од 19 Целзиусови степени. Маврово 13, Охрид 17, Битола 19, Крива Паланка 19, Берово 17, Кавадарци 20, Дојран 21.

Утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во вечерните часови.

Дневните температури ќе се движат од 8 до 19 степени.