Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Времето во Македонија денеска, понеделник, 5. декември, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на претежно облачно време, наутро со услови за локална појава на магла, со позитивни утрински температури и со претежно јужен ветер. Кон крајот на работната недела ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во планинските региони.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од два до 9 степени, а максималната од 8 до 13 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…