Понеделничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот че биде 8.

Во Скопје максималната днвена температура ќе биде 34 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 31, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 37.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од 27 до 38 степени.