Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, 14. февруари, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 5 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во среда ќе има слаб локален дожд и ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повбремено засилен ветер од југоисточен правец. Од средината на неделата дневната температура ќе биде во позначителен пораст.