Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Македонија имаме биде претежно сончево и топло со слаб променлив ветер и високи дневни температури не баш својствени за овој период од годината.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 33 Целзиусови степени, Маврово 25, Охрид 28, Битола 30, Кавадарци 33, Крива Паланка 29, Берово 27, Дојран 34.

И за утре прогнозата е претежно сончево и натпросечно топло: Скопје 34, Маврово 26, Охрид 30, Битола 31, Кавадарци 34, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 36.

До среда ќе се задржи сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено утре. Значителна промена на временската состојба со наоблачување, врнежи од дожд и намалување на температурата се очекува од четврток.