Полски експерти од светски калибар можат да го решат проблемот на витражот во споменикот „Македониум“ во Крушево


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија со години работи (или барем се обидува да работи) на заштита на монументалниот споменик „Македониум“ во Крушево, еден од најзначајните за македонската историја, култура, уметност и архитектура.

Експерти од Полска, со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на „Македониумот” во Крушево, симболот на Илинденското востание.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј”, обновата на витражите се покажа како комплициран проблем, којшто бара висока стручност што тешко може да се најде на овие простори.

-Обновата на „Македониумот” во Крушево е со подолга историја. Работите беа почнати уште пред 2017 година. Проектот е обемен и е речиси во завршна фаза. За обнова ги опфаќа: бетонскиот, витрашниот, керамичкиот кај Анфитеатарот пред споменикот. Ние дури донесовме и стручни лица од Полска, преку наш соработник. Тие многу темелно ја испитаа состојбата на витражите и можноста за нивна обнова. Ќе бидат вклучени во изработката на проектот. Ние ќе направиме радикални промени, зашто, оној, многу битниот, витражниот дел, е во многу лоша состојба. Со проектот е предвидена поголема сума пари и сакаме да направиме нешто што ќе трае 100, 200, па и повеќе години, изјавува Атанасоски.

Досега во Македониумот е направен подот, поставен е индустриски под, со што е решен тој проблем. Годинава, Прилепскиот музеј ќе работи на санирањето на бетонскиот дел од Споменикот, кој прокиснува.

-За годинава имаме одобрени два милиона денари и ќе работиме на бетонскиот дел, мора да распишеме и тендер и фирма да го заштити со најсоодветни материјали за да се стопираат прокиснувањето и влагата, вели Атанасоски.

Споменикот „Илинден” е дело на уметниците Јордан и Искра Грабулоски. Во употреба е од 2 август 1974 година.