Home Актуелно Полициски инспектор си го зел накитот кој не успеале да го украдат крадците

Полициски инспектор си го зел накитот кој не успеале да го украдат крадците

Инспектор во СВР Скопје украл златен накит од куќа во која вршел увид по тешка кражба. Против него, како што соопшти полицијата, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

МВР соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против Ж.И. поради постоење основани сомненија дека со искористувањето на службените овластувања сторил кривично дело – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Од страна на МВР против Ж.И. е поведена дисциплинска постапка и тој е суспендиран од работното место.

Полицаецот се сомничи дека искористувајќи ја својата службена позиција во тек на вршење на работна задача – увид во случај на тешка кражба во куќа – со намера да прибави за себе противправна имотна корист, неовластено одзел златен накит со што го извршил посоченото кривично дело.

По налог на ОЈО Скопје, лицето е лишено од слобода и е предадено на надлежен Јавен обвинител за понатамошна постапка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…