Home Вебкафе Полицајци скршија автомобилско стакло за да спасат старица – се шокираа од она кое го видоа

Полицајци скршија автомобилско стакло за да спасат старица – се шокираа од она кое го видоа

Њујоршката полиција не се двоумеше многу дали да го скрши прозорецот од еден паркиран автомобил за да ја спаси старицата за која претпоставуваа дека е смрзната внатре.

Имено, минувачите забележале како една старица седи неподвижно во паркиран автомобил и веднаш повикаа полиција, која по брза постапка го скрши прозорецот за да ја извлечат старицата оттаму и да ја однесат на топло место. Но, кога стигнаа до внатрешноста на автомобилот останаа зачудени и шокирани од она кое го најдоа внатре.

Не стануваше збор за никаква жива старица, туку за медицинска кукла која се користи при вежби за оживување. Сопственикот на автомобилот не бил баш среќен кога се вратил и видел што се случило со неговото возило, но одлучи да не ги тужи полицајците.

„Ако тоа беше шега, беше многу лоша шега. Ако тоа било само начин како да ја пренесе куклата до дома, можел да го направи тоа на малку поневпечатлив начин, сепак, автомобилот е караван. А куклата дури и беше врзана со безбедносен појас, изгледаше како патник во автомобилот“, изјавија полициските службеници за Metro.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …