Погледнете како настана морбидниот и неверојатен костим за Halloween на Хајди Клум


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред 19 години славната манекенка Хајди Клум започна да ја организира денес традиционалната најдобра и најлуда забава за „Ноќта на вештерките“, кон која и денес самата таа има доста сериозен пристап.

Германската модна икона своите костими за Halloween ги планира со недели, дури и месеци пред празникот, а за да воодушеви со својот костим секоја година за тоа се грижи цел тим составен од десетина луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Оваа година таа импресионираше со нов, морбиден костим на зомби кој беше прогласен за најдобар и најоригинален и за овогодинешното издание на популарниот празник. Клум на Инстаграм ја објави и постапката на изработка и како настанал целиот костим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Хајди последниве неколку години се преправаше во коњ, златен вонземјанин, вампирка, јаболко и змија, црн гавран, мајмун и човечко тело со отстранета кожа.

„Мојата прва Halloween забава започна во 2000 година. Мислев дека некој треба да организира голема забава за Ноќта на вештерките, па самата го направив тоа. Со оглед на тоа дека сум Германка, мислев дека костимот со традиционален фустан и плетенките ќе бидат забавна маска“, напиша манекенката на објавата од својата прва маска од 2000 година.