Погледнете ја предвремената божиќна реклама која го трогна интернетот


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Полиците во продавниците полека се полнат со божиќни украси, но „божиќниот период* не се смета за официјално започнат се додека на телевизија не почнат да се вртат божиќните реклами.

Секоја година светски познатите брендови се натпреваруват кој ќе сними поимагинативна, подуховита и поинтресна раклама, па деновиве интернетот „експлодира“ кога „Џон Луис“ пред сите објави рекламен спот со божиќни содржини.

Таа е замислена како потресната приказна за двајца снешковци и има се што треба да содржи една божиќна реклама, па на многумина им измами солзи во очите. Но, на крајот сепак се утврди дека рекламата е лажна.

Иако во неа се рекламира познат ланец на продавници „Џон Луис“, автор на рекламата не е креативната екипа на компанијата, туку младиот студент Ник Јаблонка.

– Јас го објавив ова видео без никаква намера да стане ваков хит, туку за да покажам што сум научил претходната година на факултет. Им благодарам на сите на убавите коментари, но рекламата настана за само два дена, а за така кусо време не успеав да ја доработам колку што сакав. Морав да го ограничам бројот на кадри, а и резолуцијата не е доволно добра. На факултетот морав да напишам есеј за успешноста на маркетиншката кампања, а покрај тоа да го осмислам и продукцискиот пример на слични реклами. Ова е единствено резултатот од тоа, објасни Ник.

Експертите од „Џон Луис“ сега имаат тешка задача да ја надминат рекламата на Ник, а стотици илјади гледачи апелираа некоја меркетинг агенција да му понудат работа на талентираниот студент.