Home Вебкафе Погледнете го виножитото за Гинис кое се распосла над Тајпеј (видео)

Погледнете го виножитото за Гинис кое се распосла над Тајпеј (видео)

Виножито, кое скоро девет часа беше распослано на небото над тајванскиот главен град Тајпеј, го собори досегашниот Гинисов рекорд на британската област Јоркшир, регистриран на 14 март 1994 година.

Истражувачите од Одделението за прочучување на атмосферата при Универзитетот за кинеска култура во Тајпеј, забележале дека виножитото траело од 6:57 до 15:55, односно цели осум часа и 58 минути.

Претходното рекордно виножито беше во Гинисовата книга повеќе од 23 години и тогаш траело шест часа.

Професорот од тајванското Одделение, Чоу Кун-хсуан и неговиот тим го фотографирале виножитото илјадници пати, како доказ при пријавувањето на новиот Гинисов рекорд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…