Home Мода и убавина Подароци за Денот на вљубените за него (без плишани мечиња и непотребни клишеа)

Подароци за Денот на вљубените за него (без плишани мечиња и непотребни клишеа)

Подароците за него по повод Денот на вљубените бараат малку повеќе размислување, доза хумор и онаа суптилна, ненаметлива сензуалност што не се наметнува – туку останува.

За него, Денот на вљубените не е сцена за патетика, ниту парада на плюшани симболи. Тоа е мал, елегантен тест на стилот. Подарокот треба да има смисла, карактер и суптилна доза на провокација – токму како и тој.

Вистинскиот избор е оној кој природно се вклопува во неговиот свет: утринското кафе испиено набрзина, вечерната прошетка низ градот, спонтаното излегување што трае до подоцна во ноќта. Нешто што ќе го користи без да размислува, но секогаш, со лесен допир на мислата – ќе ве има на ум.

Можеби тоа е парче накит што не вика да биде забележано, а сепак секогаш се забележува. Можеби часовник со ситен детаљ што кажува дека зад минимализмот стои приказна, или парфем што се задржува во воздухот доволно долго за да се запомни – не за да доминира, туку за да заведува. Во игра се и ситниците што го менуваат секојдневието: кожен паричник со совршен шав, луксузно пенкало за неговите белешки што никој друг не ги чита, или аксесоар што изгледа како случаен избор, а всушност е внимателно одбран детал.

Зашто најубавите подароци не се гласни. Тие се тивки сојузници на стилот. Дискретни сопатници низ денот. Мал знак на внимание што не бара објаснување, а кажува сè.

Доколку сте во потрага по совршениот подарок, разгледајте ја галеријата со фотографии и пронајдете ги нашите предлози.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Поло маица од Зара што го освои интернетот – највеселите бои што одат со сè

Поло маиците тивко, но сигурно се вратија на модната сцена и денес се еден од омилените па…