Home Вебкафе Почина Силвестер Сталоне: Лажната вест која денес ги окупира социјалните мрежи!

Почина Силвестер Сталоне: Лажната вест која денес ги окупира социјалните мрежи!

Денес на социјалните мрежи со брзина на светлината се рашири веста за тоа дека почина холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне. Наводно тој боледувал од рак на простата и бил пронајден мртов во својот дом.

Изрази на сочувство, неверување и пораки за збогување со актерот ги преполнија социјалните мрежи, исто како и пред осумнаесет месеци, кога актерот за прв пат беше ,,погребан’’ од одредени портали.

Сепак, како што пренесува британски ,,The Sun’’ Сталоне е жив, а авторот на веста, одреден портал, веќе ги погребал и Николас Кејџ, Анџелина Џоли, Џим Кери и многу други. Во изминатиов период и Балканот беше зафатен од лажни вести за наводна смрт на познати музичари.

Така, неодамна го погребаа Оливер Драгојевиќ, Аца Лукас, Цеца Ражнатовиќ и многу други популарни ликови. Овојпат, како што пренесува британскиот медиум, Сталоне решил да не изглегува во јавност и да докажува дека е жив.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …