Почина поранешниот новинар и презентер Атанас Ковачевски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На 50 годишна возраст почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар и презентер Атанас Ковачевски. Ковачевски претходно работеше како новинар и презентер во Канал 5 и во МРТВ.

Од ЕВН потврдија дека Ковачевски починал рано утринава, а претходно немал посериозни хронични и здравствени проблеми.

Ковачевски имаше 50 години. Долги години беше новинар во неколку медиуми меѓу кои и во Македонската радио телевизија. Последните 10 години беше портпарол на австриската компанија.

„Ковачевски со својата исклучителна професионалност и колегијалност даде огромен придонес во отвореноста на компанијата и нејзината комуникација, а со тоа генерално и во развојот на енергетскиот сектор во земјава“, велат од ЕВН.

На неговиот профил на Фејсбук во шок и неверување, од него се простуваат бројни пријатели.