Home Актуелно Почина хирургот Горан Беговиќ – еден од најгласните доктори во синдикатот на Клиничкиот центар во Скопје

Почина хирургот Горан Беговиќ – еден од најгласните доктори во синдикатот на Клиничкиот центар во Скопје

Асоцијација на специјализанти и млади лекари објави дека почина Горан Беговиќ, субспецијалист хирург, кој воедно беше и еден од најгласните синдикалци.

„Со огромно жалење и неверување објавуваме дека денес починал Д-р Горан Беговиќ, субспецијалист хирург. Др.Беговиќ беше и Претседател на Самостојниот синдикат на вработените во Клинички центар Скопје, и како претседател на ССКЦ оствари многу за сите колеги, дел од Клиничкиот центар. Доктор Беговиќ секогаш ќе биде дел од Синдикатот на Клинички. Нека ти е лесна земјата и вечна ти слава почитуван докторе!“, порачаа од АСМЛ.

Беговиќ беше синдикалец кој се бореше за повисоки плати за докторите. Тој во изминатите години работеше на спроведување на колективниот договор, но и за подобри услови во здравството. Беговиќ го потпиша и анексот на колективниот договор за зголемување на коефициентот на медицинските сестри. Докторот беше еден од најгласните и во 2015 година, кога на протести бараше правда за негови колеги.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…