Почина бившиот грчки премиер Константинос Мицотакис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 98годишна возраст почина поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис, објавија светските медиуми, повикувајќи се на соопштение на семејството. Според информациите политичарот починал утрово, околу 1 часот.

Тој е татко на Кириакос Мицотакис, актуелен лидер на Нова демократија, сега во опозиција. Неговата постара ќерка Дора Бакојани беше министер за култура, министер за надворешни работи и исто така градоначалник на Атина.