Почина бебето на кое му беше дијагностицирана туберкулоза во поодмината фаза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Деветмесечното бебе болно од туберкулоза на Клиниката за детски болести ја загуби битката за живот.

Бебето на 24 февруари било хоспитилизирано на клиниката во тешка состојба и со само со три килограми тежина. Според докторите бебето било болно со месеци и се заразило од неговата болна мајка од самото раѓање.

Директорката Фуштиќ објаснува дека бебето во целиот процес на хоспитализација било изолирано од другите деца и било третирано од посебен персонал на клиниката.

Таткото по веста дека неговото чедо починало решил да се потпише и со неговите три деца да ја напуштат детската болница „Козле“. Доктортката Катерина Бошковска потврди дека со потпис на таткото заминале од болницата и дека законот дозволува да си заминат од болница со потпис..Докторот Бошковска објаснува децата се во стабилна состојба но мора да се лекуваат одредено време болнички со цел бактеријата целосно да биде искоренета и болеста да не се шири. Таткото ветил дека заедно со децата на 4,6 и8 години ќе се вратат во болницаата. Туберкулозата е бактерија и се пренесува преку искашлување. Најчесто се разболуваат луѓето со слаб имунитет и ХИВ позитивните луѓе. Во денешно време таа ја има во социјално сиромашни земји. Професорот Пановски вели дека единствена заштита е вакцината. И покрај вакцината може да се добие болеста но болеста е полесна.

Според лекарскиот извештај во ова семејство само едно дете не примило вакцина. Бебето било вакцинирано, но долгата и нелекувана болест со месеци предизвикала смрт кај него.