Home Шоубизнис Победниците на Евровизија го продадоа освоениот трофеј, ќе купуваат дронови за војската

Победниците на Евровизија го продадоа освоениот трофеј, ќе купуваат дронови за војската

Пехарот што го освои како претставник на Украина со победата на овогодинешната Евровизија, бендот Калуш оркестар го продаде на хуманитарна аукција за 900.000 долари, а парите ќе бидат наменети за купување на три беспилотни летала за Вооружените сили на Украина.

„Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас што донираа средства за оваа аукција, а особено на тимот на Вајтбит кој го купи трофејот за 900.000 долари и сега стана негов сопственик. Претплатете се на нив, тие навистина го заслужуваат тоа. Слава Слава на вооружените сили на Украина“, објавено е на Фејсбук профилот на оваа група, пренесува Укринформ.

Оркестарот Калуш победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со песната „Стефанија“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…