Home Шоубизнис По петти пат прогласена за најубава славна жена на светот

По петти пат прогласена за најубава славна жена на светот

Списанието People по петти пат ја прогласи Џулија Робертс за најубава жена во светот.

Задоволна од ова признание актерката рече дека и годи титулата, но додаде оти верува дека „најубвите години во нејзиниот живот се пред неа“.

Робертс за најубава на светот според изборот на People првпат е прогласена во 1991 година, откако стекна светска слава со романтичната комедија „Убава жена“.

Истата титула ја понесе повторно и во 2000, 2005 и 2010.

Минатогодишната лауреатка во изборот на People беше ѕвезда на серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…