По објавата дека е бремена, нов очајнички потег на сестрата на Меган Маркл


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веста за бременоста на Меган Маркл е топ тема во бројните светски медиуми. Кенсингтонската палата вчера објави дека принцот Хари и Меган на пролет ќе станат родители, а соопштението стигна кога тие двајца стигнаа на својата прва кралска турнеја во Австралија.

Мајката на Меган, Дорија Рагланд истакна дека е пресреќна и дека неизмерно се радува за својот прв внук, а се огласија и извори блиски на таткото на Меган, Томас. Тој вчера е виден во супер маркет, а извор близок вели дека тој бил пресреќен за Меган.

„Томас е радосен и очајнички сака да биде дел од животот на својот внук. Знае колку Меган сакаше дете. Таа е баш мајчински тип“, истакна изворот.

Полусестрата на Меган, Саманта повлече нов очајнички потех и наводно купила и ја испратила подоцна честитката на нејзината сестра. Наводно се наведува дека детето сигурно ќе се поврзе со семејството и дека по породувањето на Меган сите повторно ќе бидат заедно.

Саманта овој месец беше во Лондон, но никој од кралското семејство не ја прими. Како што се наведува дошла и во Кендингтонската палата, каде живеат Меган и Хари, но обезбедувањето ги испратило.