72 од 80 – со толку пратеници „располага“ мнозинството во Собрание за уставните измени


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вчерашната дебата во Собрание го повтори ставот на дел од пратениците од опозицијата решени да не ги поддржат уставните измени.

Со ова се уште нема промени во бројот на пратеници кои поддржуваат да се смени името на државата. Ден претходно ставот го смени само независниот пратеник, Ферид Мухиќ, со што бројот на пратеници кои се „за“ достигна 72, но тоа е за осум помалку од потребните 80 гласови, односно од потребното двотретинско мнозинство. За да се комплетира бројот власта треба да убеди уште најмалку осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Пратеници кои се очекува да гласаат “за”:

СДСМ – 49

ДУИ – 10

Движење Беса – 5

Алијанса за Албанците – 2

ДПА – 2

Амди Бајрам

Весел Мемети

Панчо Минов

Чедомир Саздовски

Вкупно – 72 пратеници

Според партијата на Христијан Мицкоски, нејзините пратеници остануваат обединети и против.

А, иако денеска беше само втор ден од парламентарната дебата, која во оваа фаза би можела да трае и до десет дена, неофицијално се зборува дека Собранието ќе оди чекор понатаму утре или в петок. Ова значи дека иницијативата за пристап до уставните измени би се ставила на гласање и ако не добие поддршка од најмалку 80 пратеници, би се иницирале предвремени парламентарни избори.

Како можен датум за избори се наведуваат 2 или 9 декември. Во спротивно, доколку се обезбедат 80 гласови, тогаш иницијативата за промена на Уставот ќе оди во втората фаза, во Комисијата за уставни прашања, а дури подоцна повторно на пленарна седница.

Извор: Алсат-М