Home Актуелно По двегодишно бегство полицијата го уапси Кобра – осомничен за убиството на Мартин Јанушев

По двегодишно бегство полицијата го уапси Кобра – осомничен за убиството на Мартин Јанушев

Осуденикот и бегалец Филип Секуловски Кобра, кој е осомничен и за убиството на фубалерот Мартин Јанушев, по што две години беше во бегство, вчера вечерта беше уапсен од страна на полициските служби и спроведен во истражниот затвор Шутка.

Секуловски беше речиси две години во бегство и по него беше распишана меѓународна потерница откако им избега на органите на прогонот веднаш по убиството на Јанушев на 4 ноември 2017 година во скопски Аеродром.

Според досегашната истрага, Кобра бил бегалец од затворот Идризово кој ден пред убиството бил пуштен на слободен викенд, по што му се губи трагата.

28- годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари Солидарност и 11 Октомври. Беше застрелан пред неговиот дом вечерта меѓу 3 и 4 нември 2017 година.

Мотивите за убиството се непознати, но во јавноста проструија информации дека се работи за нарачано убиство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…