По дојава за подметнати бомби евакуирани пет скопски средни училишта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дојава за бомба која денеска била пратена на е-пошта во пет средни училишта во Скопје ги евакуираше учениците во образовните институции кои добија таква порака.

Во моментов, учениците од училиштето „Орце Николов“ се евакуирани, односно кажано им е само да ги напуштат училниците бидејќи во училиштето ќе се врши дератизација. Околу училиштето има полиција и не дозволува пристап внатре.

Директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски за СДК.МК потврдил дека на службената е-пошта добиле порака за поставена бомба во училиштето. Во е-поштата стои дека истата порака е пратена и во средните училишта „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Од Министерството за внатрешни работи велат века денеска во СВР Скопје е пријавено дека на адреси за е-пошта на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.