По Димитров и Бошњаковски не кажа на кој јазик зборуваат Македонците во Егејска Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откажувањето во целост од македонското малцинство во Грција се докажува секојдневно, и покрај тврдењата на власта, особено во периодот пред референдумот дека нема никогаш да кренат раце. Денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски не сакаше да каже фактичка состојба, односно да одговори на кој јазик зборуваат Егејците, односно роднините на македонските државјани, во Грција.

-Постои одредена категорија на население во Република Грција, која што не зборува на грчки јазик, која говори на друг јазик, но не сме ние тие што ќе детерминираме кој на каков јазик зборува, бидејќи тоа ќе биде мешање во внатрешните работи на друга држава, рече Бошњаковски, портпарол на Влада.

Ова ја потврдува линијата по која движи Димитров, кој откако кажа дека „македонскиот јазик на кој говорат граѓаните на Македонија нема никаква врска со идиомите што ги користат грчите Македонци“, појаснуваше оти мислел на грчките македонци кои зборуваат грчки јазик. Како и да е, првичниот став на министерот, според грчката колешка Анагностополу е смирувачка нота оти веќе проблем не постоел. Со други зборови, игнорирањето на македонското малцинство од страна на владата е решение на проблемот, според соседот.

Отприлика слично се развиваше и стратегијата за елиминација на името Македонија, конкретно од МАНУ. Дел од академиците првично најавија дека преспанскиот договор нема да им го земе името, сега се пред свршен чин – до петок ќе мора да си го сменат.

-Договорот не задира, ниту пак може или смее да задира во тие прашања бидејќи тие се супра национални стандарди и норми кои не можат да се одземат, ограничат или суспендираат. МАНУ постои само овде, не постои во Грција, или пак МНТ, Македонска филхармонија, така што тоа именување не би им правело на нашите соседи никакви пречки – изјави академик Владо Камбовски (10.09. 2018).

-Кратенката МАНУ останува, а академиците ќе го утврдат конкретното долго, ново име на институцијата, рече денеска Бошњаковски.

Инаку се уште се чека одлука во врска со името на АРМ додека одлуката за преименување на 136 институции веќе е во фаза на спроведување.

Извор: АлфаТВ