Home Актуелно Пирова победа на Јанез Јанша на изборите во Словенија

Пирова победа на Јанез Јанша на изборите во Словенија

Според првичните и засега неофицијални податоци од вчерашните парламентарни избори во Словенија, Словенечката демократска партија, на поранешниот премиер Јанез Јанша, е победник со освојување на 24,4 отсто од гласачите.

На второто место е Листата на Маријан Шарц (ЛМШ), со 12,6 отсто гласови, а на третото Партијата на модерниот центар (СМЦ) на Миро Церар.

Јанша како победник би требало да го добие мандатот од претседателот на Борут Пахор за прв да се обиде да формира влада.

Јанез Јанша, секако е препознатливо име. Беше словенски премиер од 2004-2008 и повторно од 2012 до 2013, а партијата – Словенска демократска партија, ја води уште од 1993. Иако во 2013 мораше да се симне од власта под обвинение за корупција, дури и доби две години затвор (уставниот суд ја поништи во 2015), сега покажува дека има капацитет да се врати на политичката сцена, во стилот на Силвио Берлускони.

Сепак, кога конечните резултати ќе ја потврдат неговата победа, што секако е слаба, со околу 25% од гласовите, се поставува прашање дали ќе успее да формира владина коалиција. Многу партии веќе се изјаснија дека нема да коалицираат со Јанша. Дали ќе си останат на зборот ќе дознаеме следните денови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…