Home Рецепти Пилешко во бело вино – едноставно неодоливо!

Пилешко во бело вино – едноставно неодоливо!

Повеќето јадења што ги подготвува просечната домаќинка не носат со себе епитет на елеганција.

„Проблемот“ не е во нивната несовршеност, туку во тоа што најчесто им недостасува некој фин состојок поради кој би можеле да се опишат како такви. Ако на наједноставната пилешка комбинација ѝ додадете бело вино, ќе направите совршен потег што вашите кулинарски вештини ќе ги подигне на сосема ново ниво. Денес ви претставуваме јадење што ќе ги разбуди сите ваши сетила.

Потребно:

  • 1,5 кг пилешко (копани, крилца, батаци)
  • сол и бибер
  • 2 лажици путер
  • 4 тенко сечени парчиња сланина, исечени на коцки
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 400 г печурки
  • 2 шолји суво бело вино
  • 1 лажица сенф
  • ½ шолја павлака
  • ¼ шолја свежо сечкан магдонос

Подготовка:

Пилешкото добро да се зачини со сол и бибер. Во поголема тава да се стопи путерот на средна температура. Пилешкото да се стави во тавата и да се пржи околу 5 минути од секоја страна. Потоа да се извади од тавата и да се остави на страна.

Во истата тава да се додаде сланината и да се пржи додека не се стопи нејзината маснотија. Потоа да се додаде исечканиот кромид и да се динста околу 5 минути. Да се додадат лукот и печурките, па да се динста уште 5 минути.

Пилешкото да се врати во тавата и да се прелие со белото вино. Да се додаде сенфот и сè заедно да се готви поклопено на тивок оган околу 20 минути. На самиот крај да се додаде павлаката, оставувајќи јадењето отклопено уште 5 минути додека не се згусне. Пред сервирање, да се пороси со свеж магдонос.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

4 начини како да зготвите пченка

4 начини за подготовка на пченка Ви предлагаме неколку едноставни начини да подготвите сез…