Петте основни грешки со кои вашата ВРСКА ја осудувате на пропаст: Од себе вака ја бркате вистинската љубов


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Запознавте некој кој ви се допаѓа, неколку пати се излегле на кафе и сте се бакнале, а вие оддеднаш сонувате за брак, деца, дом…? Ваквото форсирање на односот може да биде погубно и затоа е важно да ги избегнете грешките кои повеќето ги прават…

Премногу зборувате

Дури и да сте „најдобрата прилика“, со вакво однесување успешно ќе ги одбиете луѓето од себе. Луѓето кои премногу зборуваат, оставаат впечаток како да се плашат од тишината, очајнички сакаат да делуваат забавно и ниту малку не се спонтани. Секако, не мора да се ограничувате и постојано да молчите, но пуштете вашата друга страна постапно да ве запознава, така што оставете доза интригра и не ги ставајте сите карти одма на маса.

Скокате однапред

Запознавте некој кој ви се допаѓа, неколку пати се излегле на кафе и сте се бакнале, а вие оддеднаш сонувате за брак, деца, дом… Намалете ги очекувањата и останете реални, и секако читајте ги сигналите од другата страна.

Приказни за бившите

Повеќето луѓе имаат некое свое љубовно минато, проблеми кои можеби ги влечат од тоа време. За да влезете во некој однос треба да ги разрешите со минатото, бидејќи е невозможно да бидете заљубен во бившиот или бившата и влезете во новата врска со чисто срце. Ако притоа постојано зборувате за бившиот партнер, на новиот кандидат јасно ќе му ставите до знаење дека премногу сте оптеретени со минатото за да имате иднина со него.

Предобри сте за него

Од друга страна, медалот за премногу организирано однесување е она во кое вашиот живот е толку исполнет и совршен, па речиси и да немате време за состанол. Ако истакнувате постојано дека вашиот живот е забавен и претрупан со обврски, и дека потполно сте задоволни сами, ќе го обесхрабрите оној кој нешто посакува со вас.

Пречувствителни

Ако долго време сте биле сами или сте излегле од врска каде самодовербата ви била сериозно нарушена, како последица често се јавува претераната чувствителност. Дуење на секоја ситница, невозможност да се пошегувате на ваша сметка, пасивна агресија и претерано пофалувачки одраз се таков одбранбен механизам кој делува незрело и потполно непривлечно.