Петочна временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешниот априлски петок во Македонија ни носи сончево време со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната темпаратура ќе достигне до 22 Целзиусови степени. Маврово 13, Охрид и Битола 18, Крива Паланка 19, Берово 16, Кавадарци 23, Дојран 24.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 11 до 21 степен.