Петочна временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој ноемвриски петок во Македонија носи сончево време со мала до умерена, а на места повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини, особено претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Маврово 9, Охрид 14, Битола и Кавадарци 15, Крива Паланка 13, Берово 12, Дојран 18 степени.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе се движат од 9 до 19 степени.