Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Овој средносептемвриски петок времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 22 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени. Маврово 22, Охрид и Берово 26, Битола и Крива Паланка 27, Кавадарци 31, Дојран 30.

Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…