Петочна временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој прв септемвриски петок во Македонија носи мала локална облачност и посвежо време.

Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер кој на места ќе надминува брзина од 70 км/час. Максималната температура до 31 степен.

Во Скопје, претежно сончево со засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време, но со посвежи утра. Дневната температура од недела ќе биде во пораст.