Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Овој февруарски петок во Македонија ќе имаме претежно облачно време, проследено со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе бидат пообилни попладне.

Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната температура од три до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до девет степени. Во Маврово 3, Охрид 7, Битола 9, Крива Паланка 7, Берово 6, Кавадарци 12, Дојран 11 степени.

Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…