Петочна и викенд временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Почнувајќи од денешниот петочен ден, започнува нова серија на нестабилно време. Првиот бран од оваа серија ќе започне денес попладне, со тоа што локално, пред се во источниот и северниот дел од земјава, врнежи ќе има и во ноќта кон сабота.  

Сабота ќе биде врнежлива во поголем дел од денот, особено во попладневните часови. Во овој дел од денот развојот на облачност ќе бида поинтензивен, а процесите од оваа состојба ќе бидат локално поинтензивни, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град.
Нестабилно време ќе имаме и в недела. Засега изгледа дека процесите во текот на овој ден ќе бидат полокализирани и со помала енергија во однос на сабота. Повторно, попладнето ќе биде делот од денот кој ќе биде поврнежлив.

Температурата в петок ќе има максимална вредност помеѓу 26 и 30 степени во северната и западната половина од земјата, а на југоисток околу 33 степени.

Пад на температурата за околу 4 степени до 5 степени се очекува в сабота и со тоа максималната температура во земјава нема да надмине 28 степени.  Недела во однос на сабота ќе биде потопла за околу 2 Целзиусови.