Петочна и викенд временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И денеска, петок, 4. август, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло со умерен ветер од југоисточен правец.

Утре времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Во Скопје претпладне сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме.