Петочна и викенд временска прогноза


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денеска Македонија ќе имаме претежно сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Наутро во долниот тек на Повардарието ќе има појава на ниска облачност.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер и дневна температура до 22 Целзиусови степени. Маврово 20, Охрид и Битола 17, Крива Паланка 19, Берово 18, Кавадарци и Дојран 22.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотрајно пороен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје претпладне сончево, а од пладневните часови со зголемена облачност и со повремен дожд проследен со појава на грмежи.

Дневните температури ќе се движат од 14 до 24 степени.