Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот ноемвриски петок во Македонија носи променливо облачно време со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигне брзина и над 60 километри на час. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

В сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.