Петочна и викенд временска прогноза


1/8 финале на СП: Мегваер пак е главна тема - 15 ден ↓↓↓



Денеска, петок, 7. октомври, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 24 степени. Маврово 18, Охрид и Битола 22, Крива Паланка 21, Берово 20, Кавадарци 24, Дојран 26 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно време со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Во деновите од викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во вторник ќе настапи зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.