Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денешниот петок во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.

За време на викендот наместа ќе има зголемена облачност. Во сабота температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а во недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има благо опаѓање на температурата особено во северните делови. Во вторник ќе има зголемена облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…