Петочна и викенд временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот февруарски петок во Македонија претпладне носи променливо облачно и студено време, по одделни котлини со значителна ниска облачност. Попладне ќе биде претежно сончево.

Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 4 степени. Маврово 4, Охрид 5, Битола 3, Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 6, Дојран 9.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. И во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.

Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и во понеделник кон крајот на денот.