Home Актуелно Персоналот од српската амбасада денес се враќа во Скопје

Персоналот од српската амбасада денес се враќа во Скопје

Како што вчера објави МНР, персоналот на српската Амбасада денеска се очекува да се врати во Скопје. Претседателот на Србија, пак, Александар Вучиќ, како што пренесува Танјуг, во Белград во 11 часот ќе ја прими македонската амбасадорка Вера Јовановска Типко.

Според српското МНР, амбасадорката Душанка Дивјак-Томиќ се враќа во Скопје следната недела, на 31 август. Се очекува Томиќ да побара прием кај македонскиот премиер Зоран Заев на 1 септември.

МНР на Република Србија информира и дека министрите за надворешни работи на двете земји, Ивица Дачиќ и Никола Димитров, утре ќе имаат средба во Ниш на која по пат на дијалог ќе почнат со решавање на отворените прашања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…