Актуелно

Пекол во Италија: Срушени објекти и исчезнати луѓе во земјотрес на јужниот брег (видео)

Непознат број повредени и исчезнати по земјотресот со јачина од 4,3 степени според Рихтер, што вечерва го потресе италијанскиот град Неапол, пренесува „Раша тудеј“. Најпогодено е популарно туристичко место во близина на вулканот Ишиа.

Според локалните медиуми, цела зграда пропаднала на плоштадот Мајо, а урната е и црква, како и голем број објекти.

Според фотографиите што се појавија на социјалните мрежи може да се забележи луѓе како во паника бегаат од урнатини на згради и бараат спас од надлежните.

Пожарникари и полицајци работата на спасување на луѓето. Евакуирани се хотелите во погоденото место, а според тврдењата на локалните власти, потресите се многу силни. Земјотресот бил почувствуван во 21 часот по локално време, на длабочина од 10 километри од италијанскиот брег, недалеку од градот Неапол, пренесуваат локалните медиуми.

To Top