Пекарите се закануваат со прекин на производството на леб ако Владата ја замрзне цената


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако министерот за економија Крешник Бектеши викендов најави дека Владата утре ќе ја замрзне цената на лебот која не смее да биде повисока од 33 денари за леб кој не смее да биде помал од 450 грама оти малкумина од производителите ја намалиле цената додека користеле субвенции за струјата, пекарите се заканија дека ќе го прекинат производството на леб откога ќе се објави одлуката за замрзнување на цената на лебот.

Производителите не се согласни со министерот за тоа дека мерката субвенционирана струја имала позитивен ефект, а замрзнувањето на цената велат дека ќе предизвика прекин на производството.

„Производителите ги намалија цените на лебот според висината на учеството на струјата во определување на крајната цена. На пазарот имаме разни варијации, разни тежини на леб и за населението за кое мислиме дека е социјална категорија, веќе постојат цени на леб. Мерката на Министерството за економија ќе донесе штети од 3.000 до 15.000 евра на ден кај производителите на леб, а некои ќе затворат. Донесовме едногласна одлука дека дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник, од следниот ден нема да се произведува леб и нема да се носи на пазарот. Секоја компанија си има свои трошоци и според нив ја одредува цената. Никој не го тераме со сила да купи леб од 50 денари ако веќе постои леб од 30“, рече Горан Малишиќ, претседател на групацијата за мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора на Македонија.

Одлуката за прекин на работата производителите на леб ја оправдуваат со веќе набавените резерви брашно и пченица по високи цени. Набавката ја направиле по ланската жетва кога цените биле највисоки.

„Ова решение ќе значи пропаст. Ние не бараме време, одлуката веќе е донесена. Ова не е бојкот, ова е спас за индустријата“, рече Малишиќ.

Минатата недела министерот за економија Бектеши ја укина субвенцијата за струја на пекраската индустрија поради тоа што малкумина ја намалиле цената на лебот.