Рики Мартин СЕ ОМАЖИ! Пејачот и неговиот дечко го кажаа големото ДА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот пејач со порториканско потекло Рики Мартин официјално потврди дека се венчал со неговиот партнер Џван Јосеф. Тие се во врска од 2016 година, а имаат синови-близнаци, Матео и Валентино.

Зборувајќи со EL News на премиерата на новата серија „The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story“ во Лос Анџелес, познатиот пејач потврди дека е во брак.

„Стапивме во брак и сега сум сопруг. Разменивме завети, ги потпишавме документите кои требаше да ги потпишеме и сето тоа сега е готово. Во наредните неколку месеци ќе приредиме забава и сите ќе бидете известени“, изјави Рики Мартин.

A post shared by Ricky (@ricky_martin) on

Забавата по повод венчавката на Рики Мартин и Јосеф е планирана како тридневен настан: проба, прослава и третиот ден ќе биде ден за закрепнување од прославата.

Парот е заедно од 2016 година, а во истата таа година тие ја најавија и нивната свршувачка на шоуто на Елен ДеЏенерис. Тие имаат и две посвоени деца, близнаците Матео и Валентино.

Рики Мартин и Јосеф се запознаа преку Instagram, а првпат стапија во контакт на amFar Inspiration Gala во Сао Паоло, Бразил во 2016 година.